ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност на AppsDorado, трговски назив на C Formats GmbH (во понатамошниот текст: „ние“). Оваа Политика за приватност го опишува начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци ако сте се регистрирале кај нас, ги користите нашите услуги или веб-страници или сте ни поставиле прашање.

 

Лични податоци што ги прибираме

 

Во личните податоци што ги обработуваме може да бидат вклучени следните категории на податоци:

 

 

Покрај ова, користиме и колачиња кога ги посетувате нашите веб-страници. За повеќе информации во врска со ова, погледнете го делот „Колачиња“ во оваа Политика за приватност.

 

Цели на обработка на личните податоци

 

Личните податоци опишани погоре ги користиме само до оние степен што е потребен за следните цели:

 

 

Причините за обработка на вашите лични податоци, во зависност од ситуацијата, се согласност дадена од вашата страна за одредени операции на обработка на вашите податоци, потреба да се обработуваат вашите податоци за да се склучи договор со вас и реализирање на тој договор и/или нашите легитимни интереси во обработката на вашите лични податоци за другите цели што се наведени погоре.

 

Давање лични податоци на трети страни

 

Ние може да ангажираме трети страни, таканаречени обработувачи, со цел да ги обезбедуваме нашите услуги и да обработуваме лични податоци. Овие обработувачи работат за нас и ќе ги обработуваат вашите лични податоци само во наше име и само за нас.

 

Вашите лични податоци може исто така да му ги пренесеме на вашиот провајдер на мобилна мрежа, провајдерот за интероперабилност и/или провајдерот за плаќање ако се потребни за обработка и наплата и какво било рефундирање, за реализирање на договорот со вас и за исполнување на нашите законски обврски и применливите кодекси на однесување.

 

Ако нас нѐ продадат, нѐ преземат или пак нѐ вклучат во спојување со друга страна или ако друга страна ги презеде нашите услуги делумно или целосно, на пример по стечај, ние имаме право да ѝ ги пренесеме вашите лични податоци на оваа трета страна, под услов таа да постапува во согласност со сите одредби и ограничувања содржани во оваа Политика за приватност.

 

На крај, вашите лични податоци може да ги доставиме на трети страни, сако со најдобра намера, ако мислиме дека тоа е неопходно поради законско барање или судска одлука или за заштита или одбрана на нашите права.


Согласност од родител

 

Во врска со лица помлади од 16 години, бараме родителите или законските застапници да дадат нивна согласност пред да ни ги достават личните податоци. Меѓутоа, ако личните податоци ни се достават без ваква согласност, ние ќе ги отстраниме соодветните лични податоци најбрзо што можеме откако ќе станеме свесни дека станува збор за таков случај.


Посебни категории на лични податоци

 

Ние не прибираме посебни категории на лични податоци (на пример, податоци за раса, религија или здравствена состојба). Ако споделувате посебни лични податоци со нас, ние ќе ги отстраниме најбрзо што можеме откако ќе станеме свесни дека станува збор за таков случај.

 

 

Пренос на лични податоци надвор од ЕЕА или од вашата сопствена држава

 

Вие се согласувате дека исто така може да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во други држави за централизирање на датотеките и/или за обработка (операции) опишана во оваа Политика за приватност. Некои од овие држави може да не се дел од Европската економска област (ЕЕА). Ние ќе ги пренесеме вашите лични податоци само до држави надвор од ЕЕА ако е тоа дозволено согласно со Општата регулатива за заштита на податоци и е предмет на условите наведени во таа Регулатива со кои се гарантира дека вашите права се заштитени на истиот начин како што би биле и во рамките на ЕЕА. Покрај ова, ако ги користите нашите услуги додека сте надвор од ЕЕА, вашите податоци може да се пренесат надвор од ЕЕА за да може да ги обезбедиме тие услуги. Со давање согласност за оваа Политика за приватност, вие се согласувате вашите податоци да се пренесат во друга држава, можеби надвор од ЕЕА за целите опишани погоре. На ваше барање, ќе ви ја дадеме листата на земји за кои станува збор.


Период на чување

 

Ние не ги чуваме вашите податоци подолго од тоа што е неопходно за целите опишани во оваа Политика за приватност.

 

Пристап, исправки или бришење на лични податоци

 

Вие имате право да пристапите до вашите лични податоци и да барате од нас да ги коригираме, избришеме или ограничиме истите. Исто така, имате право да ја повлечете вашата согласност за обработка на податоците, право да не се сложите на обработка на вашите лични податоци и право на преносливост на податоците. За да ги реализирате овие права, може да испратите е-пошта до: info.mk@appsdorado.com

 

Покрај тоа, имате право да поднесете жалба до надлежен орган за супервизија.

Безбедност

 

Сите ваши податоци ќе ги третираме на доверлив начин и ќе ги преземеме сите разумни технички и организациски мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци. За жал, не можеме да ве увериме дека преносот на податоци преку Интернет и мрежа за мобилна комуникација е безбеден. Затоа, не можеме да ја гарантираме безбедноста на овој пренос на податоци, а вие ги прифаќате својствените безбедносни ризици што ги носи со себе употребата на Интернет и мобилна мрежа за испраќање информации.

 

Колачиња

 

За да го унапредиме вашето искуство со нашата веб-страница(и), ние може да користиме колачиња. Колаче претставува мала текстуална датотека што се поставува во прелистувачот на вашиот компјутер, таблет или паметен телефон за време на посетата на нашата веб-страница(и). Колачињата ни овозможуваат да ве препознаеме при следната посета на нашата веб-страница(и) и да му обезбедиме на вашиот компјутер одредени карактеристики. Ние не добиваме лични податоци за вас преку колачињата.

 

Колачињата ги користиме за следните цели:

 

 

 

Поставувањето колачиња може да го прекинете со менување на поставките на вашиот Интернет прелистувач, односно да не ги чува повеќе колачињата. Покрај тоа, можете да ги отстраните и сите информации што биле претходно зачувани, менувајќи ги поставките на вашиот прелистувач. Погледнете во функцијата „Помош“ на вашиот прелистувач. Сакаме да ви обрнеме внимание на фактот дека до некои наши веб-страници може да се пристапи само ако се овозможени колачињата, затоа имајте предвид дека блокирањето колачиња може да резултира со одбиен пристап до некои наши содржини или услуги.


Измени на Политиката за приватност

 

Оваа Политика за приватност стапи на сила на 20 март 2019 година. Го задржуваме правото оваа Политика за приватност да ја менуваме или адаптираме. Ако се направат какви било материјални промени во оваа Политика, таквите промени ќе ги објавиме на нашите веб-страници.

КОНТАКТ

 

Ако имате какви било прашања во врска со оваа Политика за приватност, можете да стапите во контакт со:
C Formats GmbH, Immermannstrasse 13, 40210 Düsseldorf или да испратите е-пошта до info.mk@appsdorado.com