Преземи како PDF

ПОСЕБНИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ МАКЕДОНИЈА– 19 СЕПТЕМВРИ 2016

Овие посебни правила и услови и општите правила и услови (во понатамошниот текст заеднички наведени како ‘општи и посебни правила и услови’), како и авторските права и политиката на приватност , се применуваат за сите договори помеѓу нас, како Давател (во понатамошниот текст наведен како ‘Давателот’, ‘ние’, ‘нас’ или ‘нашиот’ – за повеќе информации проверете ги нашите детали подолу) и Вас, како Купувач на услугите кои ние ги нудиме. ‘Услуги’ се однесува на понудата на мобилна содржина, т.е. содржина наменета за користење на мобилни телефони (како апликации, позадини, игри, забавни звуци и мелодии) преку сервисот на кратки текстуални пораки (во понатамошниот текст наведени како ‘СМС’), преку (мобилен) интернет, оваа веб страна или вап страна (‘сајтовите’) и/или преку кој било друг начин на испорака на мобилна содржина, освен ако поинаку не е договорено во писмена форма.

Општите и посебни правила и услови, како и авторските права и политиката на приватност, исто така се применуваат и за користење на сајтовите.

КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОВИТЕ И/ИЛИ РЕГИСТРИРАЊЕ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ И/ИЛИ ПРИФАЌАЊЕ НА МОБИЛНАТА СОДРЖИНА И/ИЛИ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРИФАЌАЊЕ НА ОПШТИТЕ И ПОСЕБНИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, КАКО И НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА И ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ, И СО ТОА ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ИСТИТЕ СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И СЕ ОБВРЗУВАТЕ НА НИВ.

За одредена мобилна содржина и услуги може да се применуваат дополнителни правила и услови во прилог на општите и посебни правила и услови, како што се правилата и условите за игри, прописите за спорови и упатства, коишто ќе бидат познати однапред (во понатамошниот текст наведени како ‘дополнителни правила и услови’). РЕГИСТРИРАЊЕ НА (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ И/ИЛИ ПРИФАЌАЊЕ НА МОБИЛНАТА СОДРЖИНА И/ИЛИ (ЕДНА ОД) УСЛУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРИФАЌАЊЕ НА КОИ БИЛО ПРИМЕНЛИВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ, И СО ТОА ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА ИСТИТЕ СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И СЕ ОБВРЗУВАТЕ НА НИВ.

Доколку се појави несовпаѓање меѓу општите и посебни правила и услови и дополнителните правила и услови, вторите ќе бидат меродавни.

Давателот го задржува правото во секое време да ги промени или дополни општите и посебни правила и услови. Поради тоа треба редовно да ги проверувате овие сајтови.

1. ДРЖАВА

Услугите се нудат во Р. Македонија.

2. ДАВАТЕЛ

Услугите Ви се овозможени од:

Appsdorado е трговско име на C Formats GmbH.
Immermannstrasse 13
40210 Düsseldorf
Трговски регистарски бој: HRB 50721
Даночен број: DE 814 204 879

Електронска пошта: info.mk@appsdorado.com
Тел.: 023207687

3. УСЛУГИ

Ова е претплата за . Со регистрирање на услугите Вие добивате пристап до повеќе од 90 апликации. Сите 13 категории на апликации се освежуваат 5 пати неделно. Со претплата на услугите на Appsdorado, корисниците добиваат неограничен пристап до сите апликации во порталот Appsdorado.

4. ПРИСТАП ДО УСЛУГИТЕ, ДОСТАПНОСТ И ВОЗРАСТ

Корисниците на услугите мора да бидат законски жители на <внеси ја државата> кои (1) ја имаат достигнато возраста од години и/или имаат дозвола од (еден од) родителите или од сопственикот на банкарската сметка кој ќе се регистрира и ќе ги користи услугите во нивно име и (2) се согласуваат во името на тој родител и/или сопственик на банкарската сметка и тој/таа да бидат обврзани со овие општи и посебни правила. Со самото регистрирање и/или користење на услугите, Вие се согласувате и потврдувате дека сте ги прочитале и прифаќате општите и посебни правила и дека ги почитувате условите кои се применуваат во Вашата ситуација, како што е наведено погоре.

5. НАПЛАТА

Применливите тарифи ќе Ви бидат соопштени преку услугите и сајтовите.

Применливите тарифи се:

внеси ја тарифата, на пример: 4 пораки неделно, 59 ден. од порака, со вклучен ДДВ

Тарифите за услугите ќе се наплаќаат преку телефонската сметка на Вашиот доставувач на безжични услуги доколку имате претплата, или со одбивање на Вашиот телефонски кредит доколку немате претплата. Може да се применат тарифи за преземена содржина или за посебни текстуални пораки на доставувачот на безжични услуги WAP/GPRS/UMTS.

6. КРАТКИ КОДОВИ, КЛУЧНИ ЗБОРОВИ И URL НА САЈТОВИТЕ

Доколку е применливо, кратките кодови, клучните зборови и еднообразниот пронаоѓач на ресурси (URL) што ги користиме за нашите услуги и на сајтовите ќе Ви бидат соопштени преку услугите и сајтовите.

7. ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ, СЕРВИС ЗА КЛИЕНТИТЕ И КОНТАКТ ЦЕНТАР ЗА АВТОРСКИТЕ ПРАВА

Ви нудиме информации на сајтовите и/или преку услугите. Ако сакате да го откажете користењето на нашите услуги, можете да го сторите тоа преку:

Ако Ви се потребни повеќе информации или имате посебни прашања, може да испратите електронска пошта до нашиот сервис за клиенти info.mk@appsdorado.com. Исто така, може да се јавите на нашиот контакт број 023207687